• петок, 21 февруари 2025

Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

Денвер, 13 февруари 2025 (МИА) - Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по  постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА. 

Мареј стана и првиот играч во историјата на Деневр со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан