• петок, 21 февруари 2025

Манчестер Јунајтед го претстави Патрик Доргу

Манчестер Јунајтед го претстави Патрик Доргу

Манчестер, 2 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед го претстави левиот бек Патрик Доргу како второ ново засилување во зимскиот преоден рок.

Данскиот бек пристигнува на „Олд Трафорд“ од италијански Лече за сума од 25 милиони фунти, а уште 4 милиони се вклучени во бонусите.

-Неверојатно сум горд што можам да се наречам играч на Манчестер Јунајтед. Ова е посебен ден за мене и моето семејство. Едвај чекам да почнам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за тимот и иднината на клубот е навистина возбудлива. Тој има јасен план за развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место за реализација на мојот потенцијал и исполнување на моите амбиции, изјави 20-годишниот Данец за клупската веб-страница

Претходно, Манчестер Јунајтед го ангажираше и 18-годишниот дефанзивец на Арсенал, Ејден Хевен. Во наредните часови се очекува „црвените ѓаволи“ да се разделат со Тајрел Маласија, кој игра на позицијата Доргу. дс

Фото: Манчестер јунајтед

Остани поврзан