Манчестер Сити со официјална понуда за Флоријан Вирц
- Раководството на Манчестер Сити го направи првиот обид да го ангажира играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. „Граѓаните“ упатија официјална понуда до актуелниот германски шампион за 21-годишниот фудбалер, која е вредна 150 милиони евра. Фудбалерот има договор со Леверкузен до 2027.

Манчестер, 19 април 2025 (МИА) - Раководството на Манчестер Сити го направи првиот обид да го ангажира играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. „Граѓаните“ упатија официјална понуда до актуелниот германски шампион за 21-годишниот фудбалер, која е вредна 150 милиони евра. Фудбалерот има договор со Леверкузен до 2027.
Манчестер Сити, исто така, му понудил на Вирц плата од 25 милиони евра по сезона. Со тоа би станал втор најплатен играч на „граѓаните“, а во Премиер лигата веднаш по Ерлинг Халанд.
Исто така, медиумите на Островот дознаваат дека Пеп Гвардиола веќе имал телефонски разговор со таткото на Вирц, кој е и негов агент.
Сериозен интерес за фудбалерот на Баер Леверкузен пројавуваат и Реал Мадрид и Баерн Минхен, но за нив е сериозен проблем финансиски да се натпреваруваат со Манчестер Сити. дс
Фото: Вирц