• недела, 18 мај 2025

Ван – Бисака прифати да настапува за ДР Конго

Ван – Бисака прифати да настапува за ДР Конго

 

Лондон, 9 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот на премиерлигашот Вест Хем Јунајтед, Арон Ван-Бисака (27), би можел да го промени државјанството и да стане репрезентативец на ДР Конго, земјата од која потекнува.

Ван-Бисака е роден во Англија и настапуваше за англиските репрезентации во младинските категории, а во 2019 година доби дебитантски повик за сениорската репрезентација. Сепак, поради повреда тоа не се случи, а подоцна не беше повторно повикан.

Ван-Бисака потоа во неколку наврати ги одбиваше поканите од ДР Конго, но сега неговото име е на списокот од 26 играчи за пријателските натпревари против Мали и Мадагаскар што ќе се играат на почетокот на јуни.

ДР Конго води во групата Б во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година со 13 бодови, еден повеќе од Сенегал на четири кола до крајот.

Победникот од групата ќе освои директно пласман во САД, Мексико и Канада. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан