Медиуми: Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал
- Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.

Мадрид, 9 мај 2025 (МИА) – Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.
Според весникот кој е медиум близок до Реал, Шпанецот треба да потпише договор на три сезони и да ги земе со себе во Мадрид своите помошници Себас Парија и Алберто Енсинас.
Од Леверкузен, засега, не ги коментираат информации во шпанските медиуми.
Алонсо минатата сезона му ја донесе првата и засега единствена германска титула на Леверкузен, а неговиот договор со бундеслигашот има важност до 2026 година. ег
ФОТО: ЕПА