• петок, 21 февруари 2025

Маласија го напушти Јунајтед и се врати во Холандија

Маласија го напушти Јунајтед и се врати во Холандија

Ајндховен, 5 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тајрел Маласија до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во ПСВ Ајндховен, соопшти холандскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека ПСВ ќе има право да го откупи договорот на холандскиот фудбалер на крајот од сезоната.

-Среќен сум што пристигнав во ПСВ. Подготвен сум и знам дека повторно ќе дојде моето време. Сега имам повеќе трпение, позрел сум, се надевам дека ќе освојам неколку трофеи со ПСВ, изјави Маласија, а пренесува официјалниот сајт на клубот од Ајндховен.

Маласија (25) во Манчестер пристигна во 2022 година од Феенорд, а за англискиот клуб одигра само 47 натпревари поради проблеми со повреди.

ПСВ е на првото место во поредокот во холандскиот шампионат со 50 бодови. Клубот од Ајндховен во баражот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Јувентус. дс

Фото: Х/ПСВ

Остани поврзан