Македонските кошаркари ги почнуваат мини-подготовките за февруарскиот прозорец од квалификациите за Евробаскет 2025
- Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ги почнува мини-подготовките на за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2025.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ги почнува мини-подготовките на за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2025.
Селекторот кој стави 16 кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекциите на Естонија и на Полска собирот го закажа за вечер во 18 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Првиот од двата дуела е на гости кај Естонија во Талин, в петок (21 февруари) додека вториот, три дена подоцна, 24 февруари (понеделник), на домашен терен во Скопје против Полска. зс/
Фото: КФСМ