Магла на патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од 50 до100 метри на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово,Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино, информира АМСМ.

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од 50 до100 метри на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово,Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: МИА