Компани: Постојаноста на Кејн е импресивна
- Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, искажа комплименти за игрите на напаѓачот Хари Кејн.
Минхен, 14 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, искажа комплименти за игрите на напаѓачот Хари Кејн.
- Постојаноста на Хари е многу импресивна. Јасно е дека се чувствува опуштено во Минхен, со своето семејство и со овој тим. Во него имаме апсолутен лидер. Тој има многу добар однос на тренинзите, изјави Компани за „ESPN“.
Триесет и девгодишниот Англичанец Кејн постигна 28 гола и имаше три асистенции на 23 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26.
Кејн во Баерн дојде од Тотенхем во август 2023 година. зс/
Фото: ЕПА