• понеделник, 15 декември 2025

Алегри за ремито со Сасуоло: Милан не игравме лошо, противникот е цврста екипа

Алегри за ремито со Сасуоло: Милан не игравме лошо, противникот е цврста екипа

Милано, 14 декември 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, не е разочаран од нерешените 2:2 на  натпреварот од Серија А против Сасуоло.

- Игравме добро. Нападнавме добро против цврста одбрана. Сасуоло има одлични напаѓачки квалитети. Можевме да бидеме малку попаметни во однос на головите, но потоа ризикувавме да изгубиме. Освоивме бод. Без оглед на резултатот, момците играа добро. Сега сме на врвот на табелата и без разлика што ќе се случи, ќе бидеме најмалку трети по ова коло, изјави Алегри.

По 15 кола Милан е лидер на табелата во Серија А со 32 бода, Наполи има 31, Интер 30 и натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан