МЗТ Скопје убедлив во градското дерби со Работнички
- Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје вечерва во СРЦ „Кале“ забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72.
Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) – Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје вечерва во СРЦ „Кале“ забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72.
Гостите од Аеродром доминираа во првото полувреме и двоцифрената предност ја зачуваа до крајот.
Во деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром во десет одиграни мечеви во „МТЕЛ“ Супер лигата, МекКејден го заврши дербито со 22 поени (четири скока и две асистенции), Војдан Стојановски имаше 18 поени (четири скока и две асистенции), Петков дојде до 17, а Магдевски до 12 поени (плус шест асистенции и пет скока).
Кај Работнички, кој сега е на половичен ефект (5-5), најефикасен беше Алстон со 20 поени, Наков имаше 17 (пет скока), Ефремовски 14 поени и два скока, а дабл-дабл ефект од 10 поени и 14 скока, имаше Рикиќ.
Резултати 10. коло од кошаркарската Супер лига:
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 72:90
Маџари – Феникс 85:80
Чаир – Ангели 103:79
Тиквеш – Пелистер 76:99
Гостивар – ТФТ 83:93
Кожув – МКК Куманово (играат вечерва).
Лидер на табелата е ТФТ со 19 бода, МЗТ Скопје има 18, Пелистер 17. зс/
Фото: КФСМ