• понеделник, 15 декември 2025

Франција по продолженија до бронзата на женскиот ракометен Мундијал

Франција по продолженија до бронзата на женскиот ракометен Мундијал

Ротердам, 14 декември 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Франција го освоија третото место на Светското женско ракометно првенство 2026.

Французинките денес по голема борба ја победија Холандија со 33:31 (26:26, 12:11), пред полна сала во Ротердам.

Најефикасна во победничката репрезентација беше Сара Букит со девет гола. За Холандија, Бо Ван Ветеринг и Роми Марскелверд постигнаа по шест гола.

Во големото финале, од 17:30 часот ќе се соочат Германија и Норвешка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан