Кавадарци избира кој ќе раководи со Младинскиот центар
- Општината ги повика сите младински организации и организации за млади, што се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, да поднесат пријава за избор на младинска организација или организации за млади, што ќе раководат со Младинскиот центар.

Кавадарци, 11 февруари 2025 (МИА) - Кавадарци избира кој ќе раководи со Младинскиот центар. Општината ги повика сите младински организации и организации за млади, што се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, да поднесат пријава за избор на младинска организација или организации за млади, што ќе раководат со Младинскиот центар.
- Во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, младинските центри се места каде се подготвуваат и спроведуваат програми што ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, појаснија од Општината.
Притоа, додадоа дека младинските центри се основаат во соработка меѓу општините и младинските форми на организирање регулирани во законот.
- Заинтересираните организации/организација потребно е да достават пријава и годишна програма за работа на Младинскиот центар за 2025 година, годишен буџет за спроведување на предложената програма за 2025 година, портфолио на организацијата или организациите што се пријавуваат на јавниот оглас, каде јасно ќе се гледа нивниот придонес и работа во сферата на младинската работа, биографии на сите лица кои ќе бидат ангажирани во спроведување на годишната програма, квалификувани младински работници, врз основа на националното портфолио за младински работници, додадоа од локалната самоуправа. свд/бд/
Фото: МИА архива