• петок, 21 февруари 2025

На Голак се одбележа 81-годишнината од Февруарскиот поход

На Голак се одбележа 81-годишнината од Февруарскиот поход

Делчево, 21 февруари 2025 (МИА) - Во организација на Општина Делчево денеска на планината Голак се одбележа 81-годишнината од Февруарскиот поход. По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на Народноослободителната војска на Македонија.

По повод годишнината од Февруарскиот поход, членови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 година.

Во февруари 1944 година како што беше кажано во рециталот извршени се оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово.

Пред спомен-обележјето се поклонија и цвеќе положија делегација од Општина Делчево, институции, претставници на политички партии, здруженија на граѓани. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан