• петок, 21 февруари 2025

Италијано за победата на Болоња над Борусија: Сонот ни се оствари

Италијано за победата на Болоња над Борусија: Сонот ни се оствари

Болоња, 22 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Болоња, Винченцо Италијано ги искажа своите импресии за натпреварот со Борусија Дортмунд.

Италијанскиот тим победи со 2:1 во натпревар од 7. коло од Лигата на шампионите.

- Мојата прва победа во Лигата на шампионите како тренер. Како дете седев на каучот и ги гледав оние кои испишаа историја на овој турнир, па тоа беше многу емотивен момент. Момците сакаа да победат по секоја цена. Тие постојано зборуваа за тоа во соблекувалната пред натпреварот и навистина сакаа да им дадат подарок на навивачите. Нашиот сон се оствари. Не можам да опишам со зборови колку сум среќен, изјави Италијано по натпреварот.

Болоња има пет бода и се уште има теоретски шанси за пласман во плејофот, заземајќи го 27. место. 

Борусија Дортмуд е на 13. место со 12 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан