• сабота, 22 февруари 2025

Иранскиот министер за надворешни работи им честита на Палестинците за победата во Појасот Газа

Иранскиот министер за надворешни работи им честита на Палестинците за победата во Појасот Газа

Техеран, 31 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи изрази силна поддршка за палестинскиот народ и му честиташе за „победата“ во Појасот Газа.

Во интервју за „Ал Џазира“, Аракчи изјави дека операцијата на палестинската милитантна група Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година „ја оживеала палестинската кауза“ и ја претворила во приоритет на регионално и глобално ниво.

Тој потврди дека Иран е подготвен да им помогне на Палестинците во Газа, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Во врска со Сирија, Аракчи изјави дека Иран ќе поддржи која било сириска влада што ќе биде одобрена од народот на Сирија.

Тој нагласи дека Иран се залага за зачувување на стабилноста и територијалниот интегритет на Сирија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан