• четврток, 02 мај 2024

Иран и Пакистан бараат СБ на ОН да преземе дејствија против Израел

Иран и Пакистан бараат СБ на ОН да преземе дејствија против Израел

Исламабад, 24 април 2024 (МИА) – Иран и Пакистан го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации да преземе акција против Израел, поради како што тврдат „незаконски“ ги нападнал соседните земји и дипломатските објекти.

- Признавајќи дека неодговорниот чин на силите на израелскиот режим претставува сериозна ескалација во и онака нестабилен регион, двете страни го повикаа СБ на ОН да го спречи авантуризмот на израелскиот режим во регионот и неговите незаконски дејствија за напад на соседите, се истакнува во заедничката изјава Иран и Пакистан.

Заедничката изјава е договорена за време на тридневната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан во време на зголемени тензии во регионот на Блиски Исток. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан