• сабота, 04 мај 2024

„Инклузива“ реагира за непристапни гласачки места

„Инклузива“ реагира за непристапни гласачки места

Куманово, 26 април 2024 (МИА) - Дел од гласачките места во три града не се непристапни за гласачите со попреченост, информираа денеска од здружението за развој и промоција на инклузивното општество „Инклузива“ Куманово. Тие велат дека на некои места каде се гласа воопшто нема пристап за лицата кои користат помагала. Како што посочуваат, праксата се повторува со години и институциите треба да работат на пристапноста на гласачките места.

- Повторно има гласачки места на кат и се прашуваме како гласачот кој користи помагалам без лифт да се искачи до местото и да го оствари загарантираното право, изјави Благица Димитровска од „Инклзива“.

Од здружението, информираат дека следеле избори во три града Скопје, Куманово и Велес. За нив е важно да се смени и упатството за гласање на болни и немоќни лица и да се опфати категоријата чии права тие ги застапуваат.

- Потребно е ново упатство за гласање на лица со попреченост, да се стават како посебна категорија. Материјалите што сега ги подготвува државната изборна комисија за која ние едно време подготвувавме не се правилно поставени. Во поголем дел од гласачките места, избирачките одбори воопшто не знаат што бараме да има на гласачкото место. Повторно се повторува истото-непристапноста на гласачките места е огромна, и понатаму треба да работат институциите за подобрување на гласачкото право на лицата со попреченост, повика Димитровска. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан