• сабота, 22 февруари 2025

Изминатиот месец осумнаесет случаи на криволов на риба на Охридското Езеро, запленети шест километри мрежа

Изминатиот месец осумнаесет случаи на криволов на риба на Охридското Езеро, запленети шест километри мрежа

Охрид, 4 февруари 2025 (МИА) – Само во текот на месец јануари оваа година во Охридското Езеро откриени се 18 случаи на криволов на риба.

Како што соопштуваат од СВР – Охрид, изминатиот месец службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ самастојно и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство, спровеле повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба.

Притоа затекнати се 15 прекршители како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6.120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми.

При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави.

Во истиот период, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ извршиле шест контроли на рибарите кои беа ангажирани за вештачкиот мрест, а спроведоа и шест патролни дејности со физичко присуство на научно- истражувачкиот брод од Јавната национална установа „Хидробилошки завод “- Охрид. аб/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан