Женско е првото новороденче во Струшката болница
- Женско е првото новороденче во Новата година во Општата болница во Струга, информира денеска за МИА директорот на Болницата Владимир Бунчески. Според него, бебето на свет дошло утрово, во 7 часот и 20 минути.
Струга, 2 јануари 2026 (МИА) - Женско е првото новороденче во Новата година во Општата болница во Струга, информира денеска за МИА директорот на Болницата Владимир Бунчески.
Бебето на свет дошло утрово во 7 часот и 20 минути.
- Првото родено бебе на Гинеколошкото одделение во Болницата во Струга на свет дојде утрово. Тешко е 4.200 грама, информира Бунчески.
Породувањето било спонтано, а мајката и бебето се во добра здравствена состојба.
За мајката, која е од струшкото село Мислешево, тоа е нејзина трета рожба. сс/са/
Фото: МИА архива