Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад
- Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

Неготино, 11 февруари 2025 (МИА) - Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 44 - годишен жител на градот, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Исто така, утрово во 00.45 часот и 44 - годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/мд/
Фото: МИА архива