• сабота, 10 јануари 2026

Ел Ануни: ЕУ е загрижена поради жртвите на протестите во Иран, но нејзина политика не е промена на режимот

Ел Ануни: ЕУ е загрижена поради жртвите на протестите во Иран, но нејзина политика не е промена на режимот

Брисел, 9 јануари 2026 (МИА) – Европската Унија изразува загриженост поради зголемениот број на загинати и повредени во протестите во Иран и нагласува дека отфрла секое насилство врз мирни демонстранти, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни.

- Народот на Иран ги изразува своите легитимни аспирации за подобар живот. Секое насилство врз мирните демонстранти е неприфатливо. Ги повикуваме властите на Иран да ги почитуваат правата на слобода на изразување и на мирно собирање и да го возобноват пристапот до интернет за сите, рече Ел Ануни.

Тој додаде дека ЕУ внимателно ја следи состојбата во Иран, вклучително и најновиот развој на настаните во југозападниот дел од земјата.

Запрашан дали ЕУ поддржува промена на режимот во Иран и доколку дојде до таква смена кого ќе поддржи како иден лидер на земјата, Ел Ануни нагласи дека промена на режимот не е дел од политика на Унијата кон Иран. сп/ми/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан