ДУИ: Оркестриран напад врз Инспекторатот за јазици
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 31 јануари 2025
Инспекторатот за јазици е еден од клучните столбови на Законот за употреба на јазиците и conditio sine qua non за неговото спроведување, вклучувајќи и санкции за непочитување на законот.
Оваа кчучна институција беше основана, вработените беа обучени и лиценцирани, обезбедувајќи надзор над спроведувањето на законот и заштита на јазичните права на Албанците.
Она што сега го гледаме е намера за координиран и свесен напад врз овој механизам, исто како што се случи со Балансерот, со цел да се деградира, ослабне и на крај да се укине целосно.
Овие дејства претставуваат директен напад врз еднаквоста и достоинството на Албанците, кои беа изградени со напор и жртви низ годините.
Албанците веќе се на прагот на трпението со оваа систематска кампања на деградација и негирање на механизмите за заштита стекнати со Охридскиот договор.
ДУИ остро го осудува овој пристап и ги повикува владата, меѓународната заедница и сите граѓани да не дозволат овој напад врз клучниот механизам за зачувување на еднаквоста и имплементацијата на Охридскиот договор.
Албанците нема да прифатат ниту еден чекор наназад во своите права и нема да дозволат уништување на институциите кои ги гарантираат нивното достоинство и еднаквост.
ДУИ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива