Домашни Churros со чоколаден прелив
Churros се еден од најпопуларните шпански десерти – крцкави и совршени во комбинација со топол чоколаден прелив.
Потребни состојки:
- 250 мл масло (за тестото – плус масло за пржење)
- 250 мл вода
- 250 грама брашно
- 5–6 јајца (во зависност од големината)
- шеќер и цимет за валкање
За чоколаден прелив:
- 150 мл слатка павлака
- 100 грама чоколада за готвење
- 1 лажица какао (по избор, за поинтензивен вкус)
- 1 лажица путер (по избор, за сјај и кремастост)
Подготовка на тестото:
Во тенџере ставете ја водата и 250 мл масло да зовријат. Кога ќе почне да врие, тргнете го садот од оган и додадете го брашното одеднаш.
Мешајте енергично додека тестото не стане компактно и не почне да се одвојува од ѕидовите на тенџерето. Оставете го тестото да се лади 10 минути.
Потоа, едно по едно додавајте ги јајцата (5 или 6 – колку што е потребно за да добиете мазна, густа смеса).
Ставете го тестото во слаткарска кеса со ѕвездест завршеток. Истиснувајте ленти долги околу 12-15 см на мали парчиња хартија за печење.
Во длабока тава загрејте масло на умерена температура. Спуштајте ги Churros заедно со хартијата во маслото – по неколку секунди тие ќе се одвојат сами.
Пржете ги до златно-кафена боја (не повеќе од 3–4 истовремено). Извадете ги на хартиена салфета за да се исцедат. Уште топли валкајте ги во мешавина од шеќер и цимет.
Подготовка на чоколадниот прелив:
Загрејте ја слатката павлака до пред вриење. Тргнете од оган и додајте ја исечканата чоколада. Мешајте додека целосно не се стопи. Додајте путер и какао по желба за појак вкус и сјај.
Послужете ги свежо пржените Churros со топол, кремаст чоколаден прелив. Неодоливо!
Фото: Фрипик