Продажбата на ВР-очилата „Вижн про“ помала од очекуваната, „Епл“ навести помало производство
- Фокусот на компанијата, според познаавачите, во мигов сега е на уредите со вештачка интелигенција.
Лос Анџелес, 2 jaнуaри 2026 (МИА) - Поради „лоша“ продажба, американската компанија „Епл“ (Apple) одлучи да го намали производството на своите очила за виртуелна реалност, „Вижн про“ (Vision Pro). Имено, иако и натаму се продаваат милиони „Ајфони“ и лаптопи во секое тримесечје, и аналитичарите велат дека технолошкиот гигант сѐ уште не може да го пробие пазарот со својот нов производ, иако бројките не се нула.
„Епл“ не ги објави бројките за продажба на ВР-очилата, но според медиумите, неофицијално, само 45.000 единици се продадени последните три месеци од минатата 2026 година.
Соочени со нискиот интерес, се очекува издавање поевтина верзија на очилата подоцна оваа година. Фокусот на компанијата, според познаавачите, во мигов сега е на уредите со вештачка интелигенција.
Кога ги лансираше ВР-очилата во 2023 година, „Епл“ се надеваше дека новиот уред којшто им овозможува на корисниците да комуницираат со апликации користејќи движења на очите, ќе имаат ист успех како „Мак“ (Mac) и „Ајфон“ (iPhone). Доколку се потврди, намалувањето на трошоците за „Вижн про“, тоа би значело редок комерцијален неуспех за производ на „Епл. си/мс/
Фото: МИА архива