• петок, 02 јануари 2026

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина

Лиулијанг, 2 jaнуaри 2026 (МИА) - Луѓе и човековидни роботи изведоа повеќе различни настапи на новогодишната гала-свеченост на Кинеската медиумска група (КМГ), привлекувајќи внимание со нивната комбинација од технологија и изведувачки уметности.

На претставата насловена како „Нов бот“, одржана во Шангај, роботите им се придружија на пејачот Жоу Шен и танчерите, па гледачите можеа да проследат како и машините прават свртувања наназад, удираат тапани и се движат усогласено со танчерите. На главната сцена на галата во градот Лиулијанг, во северната кинеска провинција Шанкши, роботите настапија како дел од поп-составот, свирејќи на гитара, клавијатури и тапани.

А пак, друг робот му помагаше на магионичарот за време на својата точка, комуницирајќи со човекот - изведувач, помагајќи му со додавање реквизити и со ракоплескање на крајот. Овогодишната гала-свеченост содржеше повеќе од 60 креативно дизајнирани настапи и беше истовремено прикажувана на платформите на КМГ, главните радиоканали и платформите за нови медиуми.  си/мс/

Фото: Јутјуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан