Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
- Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат дел од жителите од скопското село Кондово.

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат дел од жителите од скопското село Кондово.
Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Стоби“, „Пробиштипска“, „Мице Козар“ и „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров.
Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од селата Пакошево и Ново Село во Општина Зелениково.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа. мд/вг/
Фото: МИА архива