• петок, 21 февруари 2025

Дел од Општина Центар без вода

Дел од Општина Центар без вода

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе биде градинката „Кочо Рацин“ и дел од корисниците лоцирани на улиците „Питу Гули“, „Ацо Караманов“,„Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и дел од „Караорман“ во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект од ф-200 милиметри на улицата „Питу Гули“ број 5. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан