• петок, 21 февруари 2025

Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Софија, 4 февруари 2025 (МИА) - Дваесет и двегодишна девојка денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.

Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.

Очевидци тврдат дека девојка со нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесуваат бугарските медиуми, додавајќи дека насекаде имало многу крв.

Еден од нападнатите, 21-годишен, бил прободен со нож во слезината и веќе бил опериран. Според медиумите тој е во тешка состојба.

Друг маж, на возраст од 51 година, бил прободен со нож во градите и бил примен во болница за лекување на раните. Неговиот живот не е во опасност.

На девојката претходно и била констатирана тешка психијатриска болест, дека била на лекување и оти пред неколку месеци била отпуштена, а за неа се грижи нејзината мајка.

Наводно, мајката и рекла на полицијата дека нејзината ќерка одбива да ги зема лековите што и биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.

Бугарските медиуми пренесуваат дека сите психијатриски клиники во моментов одбиваат да ја примат 22-годишната девојка, поради недостаток на простор. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан