• сабота, 22 февруари 2025

Мерц: Европа мора да биде подготвена да се брани без САД

Мерц: Европа мора да биде подготвена да се брани без САД

Берлин, 21 февруари 2025 (МИА) - Фридрих Мерц, кандидат за иден германски канцелар, денеска изјави дека Европа мора да биде подготвена да се брани без САД.

„Мораме да се подготвиме за можноста дека (американскиот претседател) Доналд Трамп повеќе нема безусловно да ја поддржува заемната одбранбена обврска на НАТО“, рече Мерц.

Според него, од клучно значење е Европејците да вложат најголеми можни напори за да се осигураат дека барем самите се способни да го бранат европскиот континент.

Запрашан дали Германија треба да бара заштита под нуклеарниот чадор на Франција, Мерц одговори дека францускиот претседател Емануел Макрон повеќепати упатил таква понуда до Берлин, но дека претходните германски влади го оставиле прашањето без одговор. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан