• петок, 21 февруари 2025

Гризман го критикуваше Реал Мадрид во пресрет на дербито: Оставете ги судиите на мир!

Гризман го критикуваше Реал Мадрид во пресрет на дербито: Оставете ги судиите на мир!

Мадрид, 7 февруари 2025 (МИА) - Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман го искажа своето мислење во врска со жалбата на Реал Мадрид против судиите и дополнително ја вжешти атмосферата во пресрет на градското дерби закажано за в сабота во 21 часот.

Фудбалерите на Еспањол по победата од 1:0 над Реал Мадрид во 22.коло ги искомплицираа работите на мадридскиот тим, кој на табелата се доближи до градскиот ривал Атлетико, на само бод од делење на првото место.

Мадриѓаните поднесоа официјална жалба по поразот од Еспањол и се закануваат дека ќе одат на суд, а за целата ситуација проговори и францускиот репрезентативец.

-Треба да престанеме со овие судиски контроверзи, бидејќи според мене се бесмислени. На крајот на краиштата, вие, новинарите, ќе му дадете повеќе или помалку важност. „Ако не кажете ништо, ако клубовите дадат изјава и никој да не зборува за тоа, ќе има помал притисок врз судиите“, изјави тој за Мовистар плус.

Според него, сега не е важно кои ќе бидат судии на натпреварот, бидејќи тие ќе дојдат на стадион со страв да не згрешат, знаејќи дека цел свет ќе ги гледа, а тоа не е добар начин да се пристапи кон натпреварот. 

-Судиите треба да се остават на мир, тие веќе имаат доволно за грижа на теренот, без да трпат повеќе глупости надвор од него. Сите се виновни: клубовите, претседателите, новинарите... Оставете ги судиите на мир, додаде тој. дс

Фото: Архива
 

Остани поврзан