Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со шефот на политичкиот и економскиот оддел во Амбасадата на САД Дејвид Маерс
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 6 февруари 2025
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС оствари средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот и економскиот оддел, и Митко Бурчевски, политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и меѓународните партнери, како и за можностите за реализирање на заеднички проекти со Амбасадата на САД и меѓународните организации. Градоначалникот информираше за тековните и идните проекти во Општина Кисела Вода, претставувајќи ги клучните насоки за економскиот раст, привлекување на нови инвестиции и модернизирање на општинските услуги.
Говореше и за значајната улога на ЗЕЛС, како клучен партнер во развојот на локалната самоуправа во Македонија. Под негово водство, ЗЕЛС активно работи на зајакнување на капацитетите на општините, подобрување на фискалната децентрализација, дигитализацијата на административните услуги и јакнење на соработката со меѓународни институции.
- Посебно ми е драго што денес во Општина Кисела Вода е шефот на политичкиот и економскиот оддел во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Дејвид Маерс, заедно со политичкиот асистент во Амбасадата, Митко Бурчевски. Соработката со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер во сите области, преку Амбасадата на САД е од стратешко значење за развојот на општините, привлекувањето на инвестиции и реализацијата на проекти од заеднички интерес. Оваа средба ја гледам како можност за зацврстување на нашите односи и отворање на нови перспективи за развој.
Како што разговарав и со почитуваните гости, Општина Кисела Вода е пример за модерна и ефикасна локална самоуправа, која преку дигитализација, транспарентност и иновативни политики ја унапредува услугата за граѓаните. Исто така, од аспект на претседател на ЗЕЛС, мојот фокус е насочен кон зајакнување на локалната самоуправа, создавање поволни услови за економски развој и подобрување на услугите за граѓаните. Верувам дека со заеднички напори, партнерства со меѓународните институции и континуирана посветеност, македонските општини можат да постигнат уште поголеми резултати. Во оваа пригода, исто така му ја честитав победата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со надеж за понатамошно зајакнување на билатералните односи и партнерството меѓу нашите земји-изјави градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Општина Кисела Вода