• среда, 10 декември 2025

Градоначалникот Грозданов на увид во инфраструктурната состојба на селото Тркање

Градоначалникот Грозданов на увид во инфраструктурната состојба на селото Тркање

Кочани, 10 декември 2025 (МИА) - Гадоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска изврши увид на состојбите во инфраструктурата во селото Тркање. Заедно со претставници од Секторот за градежно земјиште и со советничката од Тркање Милена Јанева, посетија неколку клучни локации во населеното место, информира локалната самоуправа. 

При теренската посета, со претставници на Месната заедница Тркање, Грозданов разговараше за приоритетните проекти неопходни за подобрување на инфраструктурата и на условите за живеење во Тркање.

Според планирањата, се наведува во информацијата, наскоро ќе се отпочне со поставување  канализација, а во програмите за развој, за наредната година се влезени и активности за бетонирање и асфалтирање на неколку улици.

Градоначалникот најави дека Општината ќе продолжи активно да работи на реализација на договорените активности.ис/са/

фото: Општина Кочани

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан