• петок, 21 февруари 2025

Велика Британија ќе издвои дополнителни 66 милиони евра за Украина

Велика Британија ќе издвои дополнителни 66 милиони евра за Украина

Киев, 5 февруари 2025 (МИА) - Велика Британија ќе издвои дополнителни 66 милиони евра за Украина, кои ќе бидат насочени кон подобрување на отпорноста и развојот на двете земји, како и зајакнување на соработката.
Оваа одлука е потврдена на официјалната веб-страница на британската влада.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми, кој моментално е во Киев, рече дека за време на неговата посета на Украина ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и други официјални претставници за да ја потврди континуираната поддршка на Обединетото Кралство.

Британската поддршка вклучува и помош за испраќање жито и други прехранбени производи во вредност од три милиони евра од Украина во Сирија, како и финансиска помош за иновативни енергетски проекти, во вкупна вредност од 20 милиони евра, насочени кон обновување и одржлив развој на украинскиот енергетски систем.

Исто така, Обединетото Кралство започна нова програма за економско закрепнување на Украина, која ќе одвои дополнителни 12 милиони евра за поддршка на малите и средните претпријатија, како и уште 30 милиони евра за зајакнување на украинските социјални системи и услуги. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан