Бесплатна логопетска поддршка за децата од Општина Аеродром
- Децата од Општина Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба. Ова, како што информираат од локалната самоуправа, е овозможено со потпишувањето на меморандумот за соработка со Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможуваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни тешкотии и деца со попреченост.
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Децата од Општина Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба. Ова, како што информираат од локалната самоуправа, е овозможено со потпишувањето на меморандумот за соработка со Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможуваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни тешкотии и деца со попреченост.
-Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ). Обезбедуваме и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнителни финансиски оптоварувања, посочуваат од Општина Аеродром.
Нагласуваат дека продолжуваат посветено да вложуваат во најмладите и да градат општина во која секое дете ќе има шанса да расте, да се развива и да го достигне својот целосен потенцијал.вј/са/
Фото: Општина Аеродром