Без вода дел од општина Карпош
- Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ - Скопје.
Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ - Скопје.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. мд/aa/
Фото: МИА архива