Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“
- Без водоснабдување денеска од 09 часот ќе бидат жителите на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Без водоснабдување денеска од 09 часот ќе бидат жителите на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Причина за прекинот е дефект на улицата „Дижонска 17“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бак/
Фото: МИА архива