• петок, 21 февруари 2025

Аморим: Јас го имам последниот збор за трансферите во Манчестер Јунајтед

Аморим: Јас го имам последниот збор за трансферите во Манчестер Јунајтед

Манчестер, 7 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека клубот нема да прави трансфери без негова согласност.

Во текот на преговорите за неговото назначување било договорено секое ново засилување да биде лично одобрено од португалскиот стручњак.

-За секој играч кој доаѓа во тимот, јас морам да го кажам последниот збор. Тоа беше јасно од самиот почеток. Се обидуваме да ги најдеме вистинските играчи со вистинските квалитети за Премиер лигата – млади, амбициозни и гладни за успех, додаде тренерот на „црвените ѓаволи“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан