• вторник, 23 јули 2024

Турција го предупреди Израел да не убива членови на Хамас на нејзина територија

Турција го предупреди Израел да не убива членови на Хамас на нејзина територија

Анкара, 5 декември 2023 (МИА) - Турските разузнавачки претставници ги предупредија Израелците дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се обидат да убијат членови на палестинскиот Хамас на турска територија, објави турската државна новинска агенција.

Предупредувањето дојде откако Ронен Бар, шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, рече дека организацијата е подготвена да го уништи Хамас „каде и да е“, без разлика дали во Либан, Турција или Катар.

Агенцијата, повикувајќи се на неименувани турски официјални лица, наведува дека е неопходно да се предупредат израелските власти дека нивните постапки „ќе имаат сериозни последици“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан