• четврток, 14 ноември 2024

Бајден ја потврди оставката на директорката на Тајната служба Кимберли Читл

Бајден ја потврди оставката на директорката на Тајната служба Кимберли Читл

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска потврди дека директорката на Тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка по критиките дека нејзината агенција не успеала да спречи обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија овој месец.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, Бајден наведе дека наскоро ќе именува нов директор на Тајната служба.

Тој додаде дека продолжува независната истрага за тоа што се случи на 13 јули. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан