• недела, 22 декември 2024

Би-Би-Си планира да укине 500 работни места во рок од две години

Би-Би-Си планира да укине 500 работни места во рок од две години

Лондон, 23 јули 2024 (МИА) - Британската медиумска компанија Би-Би-Си денеска објави дека планира да отпушти 500 вработени до крајот на март 2026 година, како дел од планот за голема економска трансформација.

По повод објавувањето на својот годишен извештај, Би-Би-Си посочи дека нејзината работна сила паднала за речиси 2.000 работни места, или десет отсто, во последните пет години.

„До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Покрај годишниот план за штедење од 594 милиони евра објавен пред две години, Би-Би-Си спроведува дополнителен план за намалување на трошоците од 237 милиони евра, што го објави минатиот март. паг/  

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан