• петок, 22 ноември 2024

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Трамп

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Трамп

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Директорката на американската тајна служба Кимберли Читл денеска поднесе оставка по критиките дека нејзината агенција не успеала да спречи обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија овој месец, објавија американските медиуми.

Читл вчера беше сослушана пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом за постапките на Тајната служба пред атентатот на Трамп на 13 јули во градот Батлер.

На тоа сослушување, Читл одби да поднесе оставка, велејќи дека таа е најквалификуваната личност да ја предводи Тајната служба, која е одговорна за заштита на претседателот, потпретседателите, нивните семејства и водечките претседателски кандидати. паг/

Фото: Википедија

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан