• петок, 17 мај 2024

Јувентус сака да го купи Тони Крос

Јувентус сака да го купи Тони Крос

Торино, 26 декември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос може да ја продолжи кариерата во Серија А. 

Според „Tribal Football“, Јувентус е заинтересиран за поранешниот германски репрезентативец. Раководството на торинскиот клуб сака да го придобие Крос во зимскиот преоден рок. 

Договорот на играчот со Реал е до летото 2024 година. Трансферот на Крос се проценува на 14 милиони евра.  

Сезонава 33-годишниот фудбалер одигра 18 натпревари на кои постигна еден гол и шест асистенции. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан