• петок, 17 мај 2024

ЈП „Водовод“ Куманово се префрли на нов програм за следење на наплатата

ЈП „Водовод“ Куманово се префрли на нов програм за следење на наплатата

Куманово, 9 јануари 2024 (МИА) - Расте наплатата на сметки за потрошена вода кај физичките лица, се намалува кај правните лица во Куманово, покажуваат првичните податоци на ЈП „Водовод“. Наплатата кај физичките лица е над 83 проценти, што е малку повисоко во однос на претходните години. Наплатата во 2022 изнесувала 81, 6 отсто.Податоците за наплатата кај правните субјекти се во фаза на утврдување.

-За правните лица сè уште се врши книжење. Но, она што го забележавме е намалување на наплатата, делумно поради затворање на фирмите, поради заштеди на субјектите по сите основи, вклучително и потрошувачката на вода, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Новина во работата на претпријатието е префрлувањето на претпријатието во нова сметководствена програмата, билинг софтвер, за што претпријатието одвои 400.000 денари, лани.

-Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово од почетокот на годинава се префрли на нов софтвер билинг, сметководствена програма. Тоа значи подобро следење на наплатата, на побарувањата, следење на реализација на предмети дадени на нотари, извршители, адвокати. Поефикасно следење и сопствен увид каква е ефикасноста на одредени нотари, извршители што досега не беше можно, изјави Стојмановски.

Преку софтверот поефикасно ќе се следат склучените договори со физичкитен лица, корисниците самите ќе можат да пријават состојба преку најава со корисничко име и лозинка. ам/сст/


Фото: МИА 

Остани поврзан