СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром
- Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски - претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски.

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски - претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски.
Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево,...
- Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои првпат некои повторно, рече Филипче.
Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.
Има општини, како што рече, за кои разговараат да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.
За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата.лв/са/
Фото: МИА