• петок, 22 ноември 2024

Јорданов: Штипската централна улица „Ванчо Прќе“ пробно станува шеталиште

Јорданов: Штипската централна улица „Ванчо Прќе“ пробно станува шеталиште

Штип, 15 јули 2024 (МИА) - Од денеска, па во наредните неколку недели пробно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Ванчо Прќе“ или меѓу штипјани позната како „едносмерната улица“, иформираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека предвидено е улицата да се користи како пешачка зона, а најави дека доколку по пробниот период остане затворена, во тој случај  ќе биде уредена со соодветна урбана опрема и поплочена.

Истовремено ќе се работи на подземната канализациона и водоводна мрежа. Во функција се пушти и втората Катна гаража во Штип кај стоковната куќа НАМА.

-Во функција се става и втората катна гаража кај стоковната куќа „НАМА“ која овозможува нови 26 паркинг места, со што имаме можност за влегување до одредена точка на улицата „Ванчо Прќе“ за користење на паркинг површина, вели Јорданов.

Тој забележа со цел да можат да се користат двете катни гаражи, за време на пробниот период се воведува и двонасочен сообраќај на почетокот и крајот на едносмерната улица. Сања Мијалкова-Судиќлиева од Одделението за сообраќај во Општина Штип денеска изјави дека сообраќајот низ централното градско подрачје во Штип во овој период ќе се одвива низ  улиците „Маршал Тито“ и „Кирил и Методиј“.  

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов во наредните неколку недели повика на трпение, но и на поромена на навиките кај граѓаните со цел градот да функционира непречено, сообраќајот да се одвива регуларно, а Штип да го добие првото шеталиште во центарот на градот. вдј/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан