• петок, 05 декември 2025

Во Гевгелија изведба на монодрамата „Прво лице еднина“ од кумановскиот театар

Во Гевгелија изведба на монодрамата „Прво лице еднина“ од кумановскиот театар

Гевгелија, 20 август 2025 (МИА) - Вечер на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“ е монодрамата „Прво лице еднина“ во изведба на актерката Владанка Крстевски од НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово.

Како што се наведува во информацијата, објавена на општинската фејсбук страница, монодрамата е авторски текст на актерката Владанка Крстевски, инспириран од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Претставата го прикажува процесот на една актерка која се соочува со изборот дали да ги оствари своите соништа приватно и професионално или да отстапи од нив.

Актерката Крстевски додава дека преку претставата се пренесува порака за жените кои секојдневно се борат и работат за семејствата, а често остануваат незабележани.

Режисерката на претставата, Драгана Гунин, истакнува дека претставата е лична и ја обработува позицијата на актерот во специфичните услови на македонската уметничка сцена, прикажувајќи повеќе женски ликови и нивните приказни. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан