• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетите на институциите биле извор за партиските лукративни потреби, пример е Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетите на институциите биле извор за партиските лукративни потреби, пример е Еразмус+

Скопје, 20 август 2025

Работењето на Агенцијата Еразмус+ во време на Зоран Заев и Лидија Димова, е слика како СДС управуваше со државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Институциите ги ставија во служба на партискиот интерес, а нивните буџети како каса за парично офајдување на членови на СДС или лица блиски до партијата, а криминалот и корупцијата цветаа. А, одговорност немаше.

Така и Еразмус + во време на Димова, служеше како приватна фондација на СДС од каде што се даваа пари на браќа на пратеници, професори и судии блиски до партијата.

Над 200 илјади евра грант од агенцијата доби Горан Велковски, брат на пратеникот на СДС Диме Велковски, за два проекти. Едниот во висина од 83 илјади евра за дресура на магариња, другиот вреден 125 илјади евра за правење на сирење.

Тоа се пари доделени по партиска линија.

Но она што остана да лебди се неодговорените прашања кој го одобрил проектот, дали лицето одговорно за одобрување на проектите е лице блиско до Зоран Заев и СДС?

Дали поминале сите процедури и дали имало и други кандидати кои конкурирале за истиот проект, но истите не биле избрани бидејќи не биле членови на СДС и блиски на Заев?

Исто така, остана неодговорено прашањето дали во Агенцијата се давале проекти исклучиво на блиски лица до СДС или пак нивни членови?

Злоупотребата на Агенцијата за задоволување на партиските потреби и членови, покажа дека во време на власт на СДС, работа и проекти имаше само за нивни членови и на нив блиски лица.

Време е обвинителството да почне да се занимава со истражување на сите овие индиции за сторен криминал и корупција. Доста е веќе со криење и штитење како до сега, правда и одговорност мора да има. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан