• сабота, 24 февруари 2024

Јокиќ на натпреварот против Сан Антонио го повтори личниот сезонски рекорд по постигнати поени

Јокиќ на натпреварот против Сан Антонио го повтори личниот сезонски рекорд по постигнати поени

Денвер, 27 ноември 2023 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл синоќа на мечот со Сан Антонио (120:132). Србинот средбата ја заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции со пет загубени топки.

Двократниот МВП сезонава, со 39 поени го повтори најдобриот резултат во тековната сезона.

Јокиќ шутираше 17 од 29 од поле и 5 од 5 од линијата за слободни фрлања за 34 минути поминати на паркетот.

Денвер кој е актуелен шампион во НБА-лигата по 17 одиграни натпревари има 11 победи и се наоѓа на 4. место во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан