• среда, 10 јули 2024

Јермак: Зеленски сака прекин на конфликтот во Донбас

Јермак: Зеленски сака прекин на конфликтот во Донбас
Киев, 11 февруари 2020 (МИА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски најискрено е посветен на прекинување на конфликтот во Донбас и прави се што може за да ја постигне таа цел, изјави денеска неговиот соработник Андреј Јермак. „Верувам и сум цврсто убеден дека Зеленски има искрена желба да стави крај на војната и убеден сум дека во моментов нашата земја прави се што може за тоа да се оствари, прави се на сите нивоа, вклучувајќи ги и форматите на Нормандиската четворка и процесот од Минск, изјави Јермак за украинската телевизија 24ТВ. Последниот состанок на Нормандиската четворка се одржа на 9 декември минатата година. паг/  

Остани поврзан